Целата кариера му е во Реал Мадрид, но налето ќе мора да си бара нов клуб

Вистинска реткост во светскиот фудбал, а последно во големите клубови е еден фудбалер целата кариера да ја мине во ист клуб. Еден од таквите фудбалери е Начо Фернандес, кој од 2012 година е дел од првата екипа на Реал Мадрид, а претходно ги мина сите младински категории, а играше и за втората екипа.

Триесет и четиригодишниот фудбалер, слично како и Крос и Модриќ, потпишува продолжение на договорот сезона за сезона, но во моментов Кралевите сè уште му немаат понудено продолжување, а според последните информации од Шпанија, тешко и дека ќе се случи тоа.

Начо е еден од најслабоплатените фудбалери на Реал Мадрид, кој заработува само 150.000 евра неделно, но платата не е причина за можното заминување од „Сантијаго Бернабеу“, туку несогласувањата кои ги има фудбалерот со тренерот Карло Анчелоти. Тој не е задоволен од минутажата која ја добива, но и фактот дека секогаш кога не му оди на Реал, токму тој е првиот кој е заменет од страна на Италијанецот.

Во моментов не се споменуваат екипи кои се заинтересирани да го ангажираат Начо.

- Оглас -

Најнови вести