28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Цели 40 години ги хранеше сите во клубот и заслужи погреб кој ќе се памети (Видео)

Радојка „Цеце“ Црвени е жена која заслужено има значајно место во историјата на Војводина. Тоа е жената која 40 години беше готвачка во клубот од Нови Сад, а пред неколку дена почина. Цели четири децении Цеце била задолжена да подготвува храна за играчите и вработените во Војводина.

Таа била во клубот и во времето на легендарната генерација на Војводина, која во сезоната 1988/89 стана првак на СФР Југославија. Тимот предводен од Љупко Петковиќ, а на теренот со Синиша Михајловиќ, Славиша Јокановиќ, Милош Шестиќ и останатите стигна до шампионскиот пехар, а таму беше и готвачката Цеце.

Токму затоа, смртта на готвачката не беше заборавена од Војводина. Таа честопати знаела да каже дека кога ќе дојде тој ден, сака да биде погребена во дрес на Војводина, да има тамбураши и ако може да биде запален и по некој факел. Таа желба на готвачката беше исполнета и беше испратена токму како што таа посакувала.

- Оглас -

Најнови вести