Во италијанската Серија А се комплетираа првите пет кола, а италијанските медиуми потенцираат дека врвот на табелата не изгледал вака во последните 47 години. Лидер во Серија А е екипата на Торино. Последен пат Торино бил лидер на табелата барем по пет одиграни кола во далечната 1977 година.
Во последниот меч што го одигра, Торино со 3:2 славеше над Верона, а тогашниот лидер Удинезе загуби убедливо со 3:0 од Рома. Освен поразот на Удинезе, во корист на Торино беа и нерешениот резултат меѓу Јувентус и Наполи, како и поразот на Интер од градскиот ривал Милан.
Торино е прв со 11 бод, пред Наполи и Удинезе, кои имаат по 10 бода, а потоа следуваат Јувентус и Емполи со по 9 бодови, додека градските ривали Интер и Милан имаат по 8 бодови.