Цели 675 дена: Англичанец носеше брада сè додека не беше досуден пенал за неговата екипа

Навивачот на англискиот второлигаш Оксфорд јунајтед, Гери Хадсон, конечно ја избричи брадата откако неговиот клуб доби пенал по 675 дена, со што заврши хуманитарниот предизвик кој траеше речиси две години.

Хадсон меѓу навивачите е познат како „Фред Биг Окс“, а се заколнал дека нема да се бричи сè додека тимот од Чемпионшип не добие пенал.

Додека чекал, на натпреварите носел жолта перика и сина брада за да собира средства за хуманитарна организација која се занимава со ментално здравје.

Оксфорд немаше добиено пенал уште од мај 2024 година, кога Камерон Бранаган постигна гол во ремито 1:1 против Питерборо јунајтед во полуфиналето од плејофот во Третата лига.

„Постот“ без пенал заврши во саботата, на стадионот „Касам“, кога повторно Бранаган реализира удар од белата точка во ремито 1:1 меѓу Оксфорд и Чарлтон Атлетик.

Хадсон прослави така што ги фрли периката и вештачката брада во воздух, а утрово ја избричи и вистинската брада во живо на Би-би-си радио.

„Најсмешниот момент беше кога двајца мои пријатели дојдоа да ме видат и поминаа право покрај мене, без да сфатат дека сум јас без брада“, изјави Хадсон.

- Оглас -

Најнови вести