Цели шест години чекаше гол за репрезентацијата и постигна незаборавен погодок (Видео)

Вилмар Бариос го одигра 53-тиот меч за колумбиската репрезентација и кончено постигна деби-погодок, и тоа незаборавен, за победа од 3:2 против Мексико во пријателски натпревар.

Фудбалерот на рускиот Санкт Петербург за првпат играше за Колумбија во 2016 година и досега ниту еднаш не успеа да ја затресе мрежата, но првиот гол што го даде по цели шест години вреди за сите години години чекање.

Волејот од 18-тина метри во 68-мата минута изгледа фантастично, а ѝ донесе и победа на Колумбија со пресврт од 0:2 до 3:2.

Mexico 2-[3] Colombia: Wilmar Barrios golazo 67’ from soccer

Мексико водеше со 2:0 на полувреме со головите на Вега од пенал и на Артеага, а Колмбијците направија голем пресврт со двата гола на Синистера во вториот дел и фантастичниот деби погодок на Бариос.

Мексико ќе игра на Мундијалот во Катар и во првата фаза е во Ц групата со Аргентина, Саудиска Арабија и Полска.

Колимбијците не успеаја да се изборат за настап на СП што ќе се игра од 21 ноември до 18 декември годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести