7.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Целиот срам на Ливерпул прикажан во една слика на „Енфилд роуд“ во 85-тата минута (Видео)

Ливерпул е во голема резултатска криза, каква што не се памети во последните неколку години. Во последните два месеца англискиот првак претрпе дури девет порази од 12 средби. Последен во низата беше синоќешниот дебакл на својот „Енфилд роуд“, кога загуби од ПСВ Ајндховен со 4:1.

Најавите се дека можно е да се случи и тренерот Арне Слот да добие отказ, но засега нема реакција од челниците на клубот.

За тоа колку навивачите на Ливерпул беа разочарани од синоќешниот перформанс, покажа и сликата од 85-тата минута на „Енфилд роуд“. При резултат 1:3, фановите на Ливерпул почнаа да стануваат од своите места и да ги напуштаат трибините, не можејќи да ја гледаат ужасната игра на нивниот тим.

Додека навивачите на Ливерпул си заминуваа со наведнати главни, фановите на ПСВ Ајндховен задоволно им мавтаа со рацете во знак на испраќање од стадионот.

- Оглас -

Најнови вести