19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Целиот тим вреди колку еден просечен фудбалер во Европа, но Каират ќе игра во ЛШ!

Казахстанскиот првак Каират е сензационален патник во групната фаза од Лигата на шампионите. По драматично изведување пенали, фудбалерите на тимот кој има севкупна вредност од само 12,4 милиони евра, колку што вреди просечен играч на еден европски клуб, успеаја да стигнат до фудбалскиот рај.

Каират во 2024 година по четврти пат стана шампион на Казахстан, откако во последното коло го совлада Атирау со 1-0 со пенал на гостински терен и со само еден бод предност го освои трофејот пред Астана. Сега, после пенали, влезе и во групите од Лигата на шампионите.

Оваа сезона, по 20 одиграни кола од вкупно 26, Каират се наоѓа на третото место со 43 бода, исто колку и второпласираната Астана, а лидер е Тобол со бод предност пред нив. Пред историската средба со Селтик, тимот го одложи натпреварот против Окжетпес, кој ќе се игра в недела.

Во нивниот единствен досегашен настап во групна фаза во Европа (Конференциската лига 2021/22), Каират заврши последен во групата со две ремија и четири порази, зад Базел, Карабах и Омонија.

- Оглас -

Најнови вести