Кајри Ирвинг вчера се здоби со повреда на десниот зглоб во поразот на Бруклин од Милвоки во четвртиот меч од серијата, по што е најавено дека ѕвездата на Бруклин ќе мора да паузира одредено време.
Колку точно, не е познато, но Мрежичките нема да сметаат на својот плејмејкер во петтиот меч кој е закажан во ноќта меѓу вторник и среда. Така, целиот товар паѓа на Кевин Дурант, ако се знае дека и Џејмс Харден од претходно е повреден и тешко дека ќе направи камбек на паркетот во следниот дуел против Елените.
Со повредите на две ѕвезди од „големата тројка“, Бруклин ја загуби фаворитската улога во серијата против Бакс, која е израмнета на 2-2 и се очекува тешка и неизвесна серија до крајот.