Барселона беше на прагот на својот прв пораз сезонава во ракометната Лига на шампиони, но каталонскиот тим покажа зошто е број 1 во Европа барем во овој спорт.
Словенечкиот Целје водеше речиси цел меч, на моменти и со четири гола разлика, имаа и 27-25 на две и пол минути до крај, но Барса во финишот направи серија од 3-0, и своето прво водство во текот на мечот го претвори во победа.