Цело село на трибини, 2.800 навивачи ја видоа бламажата на тимот кој има 33 титули во домашниот шампионат (ВИДЕО)

Унгарскиот третолигаш Иванча стана вистинска сензација откако успеа да го елиминира шампионот Ференцварош во Купот на Унгарија.

Третолигашот стана фудбалска вест број еден во европските медиуми бидејќи е тим од село кое брои 2.800 жители и според видеото од извештајот од натпреварот, изгледа дека сите жители ја следеле победата на Иванча.

Ференцварош, кој сезонава игра во Лигата на Европа и по четири кола е лидер на табелата, загуби со 3:2 од Иванча по продолженијата откако во регуларните 90 минути беше 2:2.

Ференцварош, кој е најтрофеен унгарски тим со 33 шампионски титули и 24 триумфи во Купот, поведе уште во 4-тата минута преку Кристофер Закаријасен, додека домаќинот израмни само две минути подоцна благодарение на Ласло Шустер.

Ференцварош повторно поведе, во 19-тата минута со голот на Рајан Ммае, а натпреварот во продолженијата го однесе Чаба Аради со голот постигнат во 57-мата минута. Третолигашот до сензацијата дојде до голот на поранешниот играч на Ференцварош, Бенце Керчо во 96-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести