Целосна доминација на домашните екипи: МЗТ, Гостивар, Кожув и Шкупи се радуваа

Домашните екипи доминираа на четирите мечеви кои се одиграа вечерва во рамките од четвртото коло на Прва лига. Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром славеше против МКК Куманово со 78:71 во меч на кој домаќините добро започнаа и поведоа со 13:4. Кумановци возвратија па по првата четвртина водеа со 20:19.

Гостите водеа и со 30:27, а потоа МЗТ со низа од 9:0 го превземаа водството, а на полувреме фаворитот замина со предност од 40:36. Аеродромци водеа и во текот на целата трета четвртина, но ниту еднаш предноста не беше повеќе од девет разлика. Во решавачката последна четвртина МЗТ стигна до 73:59 и до крајот на дуелот рутински, стигна до нова победа.

Гостивар славеше против Пелистер со 77:66 во меч на кој домаќините водеа во најголем дел од средбата, а највисоката предност ја имаа во третата четвртина кога беше 60:40.

Кожув беше убедлив и со 85:64 го победи Тиквеш, а сигурна победа оствари и Шкупи против вардар и тоа со 89:68.

Утре ќе се игра дербито меѓу Работнички и Чаир.

- Оглас -

Најнови вести