Цената на златните медали на ЛОИ изнесува околу 1.000 долари

Цената на медалите кои ќе бидат доделени на спортистите за прво и за второ место на натпреварите на Олимпијадата во Париз, е значително зголемена во споредба со Олимписките игри во Токио 2020. Вредноста на златниот медал е блиску до 1000 долари, објавува данската компанија „Саксо Груп“, повикувајќи се на свои пресметки.

Најзначително зголемување на вредноста се забележува кај златните медали: од 763 долари во Токио до 935 во Париз. Сребрените медали достигнале вредност од 473 долари во споредба со 415 долари.


Бронзените медали се со вредност од 3,9 долари, наспроти 4,1 долар на Игрите во јапонската престолнина.

Данската компанија „Саксо Груп“ објасни дека зголемувањето на вредноста на златните и на сребрените медали е поврзано со зголемената побарувачка на метали, која се забележува поради глобалниот преод кон зелена енергија.

- Оглас -

Најнови вести