Светското клупско фудбалско првенство е во својата кулминација. Најдобрите осум екипи остнаа во трка за трофејот, но иако се работи за четвртфинални пресметки, слаб е интересот кај навивачите.
Според официјалната страна на Тикетмастер, билетите за дуелот меѓу Флуминенсе и Ал-Хилал се движат од 11,15 долари до 140 долари. Најевтините билети за дуелот меѓу Челзи и Палмеирас се 18 долари, а најскапите достигнуваат цена од 165 долари.
Како поатрактивни се дуелите меѓу европските гиганти. Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе играат во Аталанта, а цените на билетите се од 44 долари до 385 долари.
Единствено на дуелот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд нема билет поевтин од 100 долари. За ова четвртфиналето, цените на билетите се од 128 до 610 долари.