Цензура за разголените девојки на боксерскиот спектакл на годината

На 7 декември во Саудиска Арабија боксерите Ентони Џошуа и Енди Руис ќе се борат за светската титула во тешка категорија. Сите љубители на благородната вештина со нетрпение го чекаат денот, но на паузите помеѓу рундите во рингот нема да дефилираат разголени девојки кои покажуваат која рунда е на ред, што е традиција на вакви настани.

Организаторите решија од почит кон земјата во која ќе се одржи борбата и културата во С. Арабија, каде што е забрането разголување на јавни места, да се откажат од намерата рундите да бидат најавувани на таков начин.

Секако и без девојките ова ќе биде спектакл, специјално за настанот е изграден нов стадион, а ќе биде интересно и да се види дали Британецот Џошуа, кој беше изненаден на 1 јуни, ќе успее да му се реваншира на Мексиканецот.

- Оглас -

Најнови вести