Женската ракометна репрезентација на Македонија со три порази го заврши настапот на Европското првенство откако избраничките на селекторот Љубомир Савевски вечерва загубија од Романија со 23:31 во директниот дуел за третото место во групата Ц.
Ракометарките, кои се најмлади на ова ЕП, вечерва го одиграа најдобриот натпревар, постигнаа најмногу голови досега, а го имаа и најубавиот потег на континенталниот собир.
Тоа е цепелинот на Сара Ристовска во првото полувреме. При резултат 6:7, во 17-тата минута Македонија имаше напад по неколку комбинации, Симона Маџовска ја проигра Сара Ристовска, која топката ја фати во скок и постигна прекрасен гол.
https://twitter.com/i/status/1590402393082310656