Кире Лазаров и Дејан Манасков ја креираа најдобрата акција во досегашниот дел од средбата меѓу Македонија и Шпанија. Црвено-жолтите пред крајот на првиот дел му парираат на европскиот првак, откако во воведните минути имаа и предност од три гола.
Токму погодокот за 5-2 го постигна Манасков, а капитенот на македонската репрезентација му „сервираше“ цепелин за мерак.