27.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Цеца: „Доаѓам во клубот, а тој црта како ќе биде шампион пред Црвена ѕвезда и Партизан …“

Фудбалскиот клуб Обилиќ под раководство на Жељко Ражнатовиќ – Аркан беше шампион на СР Југославија во 1998 година, а следната сезона заврши на втората позиција. Двапати играа и во финалето од Купот. Сопругата на Аркан, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, во телевизиско гостување раскажа само дел од начинот на којшто функционирал Обилиќ во тоа време.

„Беше многу самоуверен, кога нешто ќе зацрташе… Се сеќавам дека пишуваше на обичен лист хартија кои се целите, освојување на Купот и титулата. Јас влегувам во просториите на Обилиќ, го гледам листот залепен на ѕидот и го прашувам: ‘што си напишал ова?’, а тој се навреди. ‘Молам? Значи и ти не веруваш во мене? Мојата сопруга.’ Јас му велам: ‘чекај, двојна круна, па тука се Sвезда и Партизан, сè е шема’, а ми одговара: ‘Не грижи се, само треба да се влезе во нивниот радиус на движење и само го правиш тоа што го прават и тие. Кога ќе им одржам говор на моите фудбалери, ќе видиш како ќе играат.’ Тој така ги мотивираше. Влегува во соблекувалната, држи говор и тие излегуваат и играат како да се на специјални лекови“, рече Цеца.

- Оглас -

Најнови вести