Цеца како фудбалски експерт: Проблемот на Србија е средниот ред, имаме супер напаѓачи и одбрана!

Популарната српска пејачка Светлана Ражнатовиќ-Цеца, со голем интерес ги следеше настапите на српската фудбалска репрезентација, особено што за Орлите играше нејзиниот зет Немања Гудељ.

Цеца со својата ќерка Анастасија беа во Германија, од трибините ја бодреа Србија и Гудељ, но тимот не успеа да влезе во осминафиналето. Цеца има свое мислење што им фалело на Србите за да влезат во нокаут фазата.

„Свесни сме, дека за моја голема жал, Митровиќ и Влаховиќ не може да играат заедно во исто време, а одлични играчи се. Јас мислам дека ние имаме проблем со средниот ред. Одбраната изгина на сите мечеви. Мој совет е да се позанимаваме со средниот ред“, анализираше Цеца, која е некогашна претседателка на клубот Обилиќ кој беше и првак на нашиот северен сосед.

Цеца призна дека сите во Србија сакаат да бидат тренери, па и таа, и подели уште некој совет.

„Зависи кој ви е противникот. Против некого мора да играте на контри, против некого мора да играте офанзивно. Ако треба да напаѓаш, на терен ставаш офанзивци, кога е некој ривал поопасен, мора малку и да се затвориш, па да чекаш контри. Но, јас не сум тренер, пејачка сум, и многу успешно ја работам таа моја работа, но ние во Србија сите сакаме да бидеме тренери“, изјави пејачката.

- Оглас -

Најнови вести