17.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Цибона го откажа учеството на АБА 2 лигата на само два дена пред мечот со ТФТ

Кошаркарскиот клуб Цибона утрово официјално потврди дека нема да игра во АБА 2 лигата во сезоната 2025/26.

Одлуката била донесена на состанок на Собранието на клубот. Цибона во првото коло од новата сезона во регионалната таканаречена втора јадранска лига, задутре во Загреб требаше да игра против скопски ТФТ.

Од клубот објаснија дека одлуката е донесена по детална и сеопфатна анализа на спортските, организациските и финансиските околности. Приоритети ќе им бидат хрватската лига, Купот и настапите во ФИБА Европа Купот.

- Оглас -

Најнови вести