ЦИЕС со големо признание за Елмас, вреди 70 милиони евра и е во Топ-3 плејмејкери во Европа до 23 години

Меѓународниот центар за спортски студии, ЦИЕС, го вброи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во тројцата најдобри млади плејмејкери во Европа до 23 години и ја процени неговата вредност на 70 милиони евра.

Елмас игра извонредно во последно време, а пред него е само Џуд Белингам, кој според ЦИЕС, вреди 120 милиони евра.

Со Елмас на 70 милиони евра проценети се и Деклан Рајс од Вест хем и Куртис Џонс од Ливерпул, што е огромно признание за македонскиот дијамант и највисока вредност на кој бил проценет македонски фудбалер во нашата историја.

ЦИЕС направи студија за сите три фудбалски линии, одбрана, среден ред и напад, а најскапи, според нив, се Ерлинг Халанд, Винисиус јуниор и Фил Фоден со проценета вредност од 150 милиони евра.

Кај дефанзивците, Хрватот Јошко Гвардиол и Ерик Гарсија се најскапи и според ЦИЕС, вредат по 80 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести