Никола Јокиќ со своите фантастични партии за Денвер нагетс изминативе сезони се наметна како легенда на овој клуб.
Иако сè уште го чека првиот НБА-трофеј, од Денвер секако дека се задоволни од неговите настапи и се одлучија да му го дадат најбогатиот договор во историјата на НБА-лигата.
Од наредната сезона, Никола ќе заработува 241 милион долари за пет години, односно 48,2 милиони по сезона, а тоа го најави неговиот агент Мишо Ражнатовиќ.
„Според нашите очекувања, тој договор треба да биде потпишан ова лето, а тоа е продолжување со максимален износ, што очигледно го заслужи“, изјави Ражнатовиќ.
Јокиќ со тоа ќе го надмине Јанис Адетокумбо, којшто во моментов е најплатен со 228.200.000 долари, кои ќе ги заработи исто така во период од пет години.