0.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Циндриќ жестоко распали кон ЕХФ: Не можам да верувам дека тоа ни го прават!

Хрватската ракометна репрезентација спои три победи по ред во главната групна фаза и сега е на чело на табелата, и тоа во пресрет на последното коло, кое треба да ги даде полуфиналистите на Европското првенство.

Коцкестите вчера ги победија Словенците со 29:25, а веќе денеска играат против Унгарија, која нема шанси да се бори за медал. Ова жестоко темпо, да се одиграат два клучни меча само во два дена е нешто што еден од најискусните во составот на Хрватска, Лука Циндриќ, не може да го прифати.

„Добро е што ја победивме Словенија, но нов меч играме за помалку од 24 часа. Мислам дека тој што го правел распоредот, никогаш не се занимавал со спорт. Ние толку многу се одрекуваме за да стигнеме до резултат. Имавме пеколку подготовки, тука играме неколку меча и кога доаѓа дуелот од којшто зависи пласманот во полуфиналето, доаѓа за 24 часа помалку од тоа што сме го одиграле претходниот дуел. Целото тело ме боли. На сите ракометари, не само мене. Ова е катастрофа. За два дена не можеш да се регенерираш, а не да играш одма следниот ден. Не сакам да се правадам, така е за сите репрезентации, но некогаш треба за нешто да се прашаат и играчите“, револтирано коментираше Циндриќ по победата над Словенија.

Ова не е прва реакција на ракометарите кои се на ЕП против некои одлуки на ЕХФ. Португалците жестоко реагираа против судењето, а спорна ситуација имаше и на синоќешниот дуел меѓу Унгарија и Шведска, кога Унгарците сметаат дека биле оштетени и дека требале да добијат пенал во последните секунди од средбата. 

- Оглас -

Најнови вести