Навивачите на Ливерпул беа максимално расположени во текот на големото англиско дерби против немоќниот Манчестер јунајтед и дури и ги бодреа гостите да „врзат“ некое додавање, па макар и во неактивниот дел од играта.
Ливерпул победи многу лесно и убедливо со 4:0, а интересна беше сцената пред почетокот на второто полувреме, кое малку и доцнеше со почетокот.
Играчите на Манчестер јунајтед си ја додаваа топката на својата половина, а познатиот Коп на Ливерпул на „Енфилд роуд“ ги бодреше.
Во исто време се загреваа и нивните миленици на својата половина, но во фокусот на навивачите на Ливерпул беа гостите од Манчестер.
https://twitter.com/ThePaulMachin/status/1516672764253548545?s=20&t=WJz3PXbgmGiSxaBL4EVOvQ
На терен домаќините беа пресилни за Манчестер јунајтед во вечното англиско дерби на двете најтрофејни екипи.
Црвените ѓаволи имаат 20 шампионски круни и се на чело на вечната листа, а Ливерпул бие битка со Манчестер сити за титулата и ако ја освојат ќе се израмнат на врвот со Манчестер јунајтед.