Циркус: Тренерот на Клуж направи измена по 25 секунди, а не е принудна (видео)

Предводникот на романскиот клуб Клуж Дан Петреску во мечот против Газ метан направи измена уште во првата минута, иако не беше принуден за такво нешто поради повреда. Петреску на еден начин протестираше против правилото во романската лига секој тим да има двајца играчи на теренот помлади од 21 година.

Според споменатото правило, еден млад фудбалер мора да ги одигра сите 90 минути, додека вториот може да ја напушти играта во кое било време. Правилото се испочитува, но 18-годишниот Фик своето деби ќе го памети дека одигра само 25 секунди.

„Не ми се допаѓа правилото. Жал ми е за Фик, но што да правам, секако не сум среќен поради оваа одлука. Фик може да биде среќен што дебитираше, но ситуацијата не беше идеална за него“, истакна Петреску по мечот кој заврши без победник и без голови.

- Оглас -

Најнови вести