Циркус во Германија: Навивач го исклучи ВАР-системот, па судијата не можеше да види дали има пенал (Видео)

Вистински циркус се случуваше на мечот од втората германска лига помеѓу Минстер и Херта Берлин. Домашната екипа се бори за опстанок, но судијата Бикел во 45-тата минута досуди пенал, но сакаше и да гледа снимка.

Сепак, еден од домашните навивачи успеа да ја прескокне оградата и да го исклучи ВАР-системот, па судијата можеше да види само црн екран на мониторот. Тогаш беше побарана помош од судиите во ВАР-собата, кои требаше да ја донесат конечната одлука. На крајот беше досуден пенал, кој беше и реализиран, а Минстер загуби со 1-2.

- Оглас -

Најнови вести