Циркус во Милано: Кој си ти? – Фудбалер сум на Борусија, еве, ме има на Гугл! (Фото)

Екипата на Борусија Менхенгладбах вечерва од 21 часот гостува кај Интер во меч од Лигата на шампионите, а при пристигнувањето на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, фудбалерот Маркус Турам имаше една непријатност.

Лице од обезбедувањето на стадионот на Турам му побара документ за лична идентификација. Французинот немаше ни пасош, ни лична карта, но се снајде некако и успеа да го убеди човекот дека е фудбалер. Турам ја симна маската за да му се види убаво лицето, потоа на пребарувачот Гугл го напиша своето име и презиме и со слики од таму му докажуваше на чуварот дека е тој.

 

- Оглас -

Најнови вести