Циркуски шут на Григонис го најави нокаутот на Панатинаикос (Видео)

Циркускиот потег и прекрасниот кош на Мариуш Григонис на почетокот на третиот период предизвика позитивен ефект кај неговите соиграчи од Жалгирис, кои го декласираа Панатинаикос со 13 поени разлика во меч од Евролигата.

Григонис при негатива на неговиот тим од 36:37 го имаше потегот на мечот и најубавиот кош од вкупно 13 поени колку што постигна на мечот. Во стил на НБА атракциите Григонис направи пируета во воздух и погоди тежок шут, а од тој момент Жалгирис доминираше, постојано водеше и победи.

Погледнете го најатрактивниот момент на дуелот меѓу литванскиот првак и Панатинаикос во режија на 24-годишниот кошаркар на Жалгирис.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1086340795903426564

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести