Скандалот кој се случи вечерва на кошаркарскиот меч Партизан – Црвена ѕвезда, својот епилог ќе го добие утре, а најверојатното сценарио е службена победа за Црвено-белите, кои така би го добиле и шампионскиот пехар за првак на Србија.
Дуелот беше прекинат во третата минута од третата четвртина при 57-45 за Партизан поради навреди и некои фрлени предмети. Гостите и судиите се повлекоа и беше објавено дека мечот нема да продолжи ако не се испразнат трибините.
Навивачите на Партизан му порачаа на својот тим да не игра без нив бидејќи не било барано празнење на сала кога лица од Партизан биле навредувани на мечевите кога Ѕвезда била домаќин. Публиката си замина дома, а потоа се случи пресврт, судиите и играчите на Ѕвезда се вратија на теренот. Но, Партизан го немаше. Ги чекаа 15 минути, по што и тие го напуштија теренот.
Од Партизан објавија дека дел од играчите си заминале дома знаејќи дека мечот ќе се доигра утре, како што им било прво кажано.
Конечната одлука треба да се донесе утре, а таа веројатно ќе биде службена победа на Црвено-белите.