0.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Циркуз на меч од Лига на шампиони: Играа два на пет, мечот траеше само седум минути (Видео)

Неверојатна сцена се случи на меч од кошаркарската Лига на шампиони организирана од ФИБА, па мечот меѓу италијанскиот Трапани и Хапоел Холон од Израел, траеше само неколку минути.

Италијанскиот тим претрпе еден од најбизарните порази во историјата на ова натпреварување, а мечот заврши во седмата минута, при резултат 38:5 за израелскиот тим.

Екипата на Трапани на овој меч беше само со петмина кошаркари, меѓу кои беа и двајца младинци на кои ова им беше професионална деби. По само пет минути, тројца играчи го напуштија теренот, па останаа само двајца кошаркари на Трапани.

Во моментот кога еден од двајцата играчи на италијанскиот тим заработи петта лична грешка и мораше да го напушти теренот, јасно беше дека тука мечот завршува. Во кошарката мора да се има најмалку двајца играчи на теренот, за да може тој што ќе изведе од аут, да има на негов соиграч да подаде, а во овој случај тоа не беше можно, па судиите означија крај и тоа по само седум минути игра.

Трапани е тим кој се соочува со сериозни финансиски проблеми поради кои од екипата си заминаа шест стандардни играчи, плус тренерот Јасмин Репеша. Дека ситуацијата воопшто не е добра се потврди и со откажување на мечот од домашното првенство против Виртус Болоња кој требаше да се игра минатиот викенд, па беше регистрирана службена победа од 20:0 за тимот од Болоња.

Сопственикот на клубот Трапани, Валерио Антонини јавно призна дека овој проект веќе не е финаниски одржлив.

- Оглас -

Најнови вести