Циркуз пенал во 94 минута за екипата која треба да се спаси од испаѓање (Видео)

Претпоследното коло во црногорското фудбалско првенство го одбележа еден неверојатно досуден пенал на дуелот Подгорица – Искра. Гостите од Даниловград водеа со 2:0, но Подгорица која грчевито се бори да не испадне, до полувреме стогна до 2:2.

Ремито не беше опција за Подгорица, затоа што така тимот ќе паднеше на последното место на табелата, а драмата се случи во 94 минута. Домаќините беа во напад, кога фудбалерот кој само што влезе во шеснаесетникот сам падна на тревата.

На изненадување на сите, судијата досуди пенал за Подгорица, кој беше претворен во гол за победа од 3:2. Со овој триумф Подгорица е на претпоследната позиција и е со реални шанси да игра плејаут меч, односно дуел кој може да им донесе спас од испаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести