Циркуз во Шпанија – Барселона и Реал Мадрид влегоа во најбаналната „војна“ кој е во право?

Само уште два дена до рестартирањето на шпанското фудбалско првенство, а двата најголеми ривали Реал Мадрид и Барселона повторно влегоа во војна. Тензијата која ја започнаа медиумите во Мадрид и во Каталонија всушност е за банална работа. Двата клуба се жалат за иста работа и сметаат дека противникот има предност. За што се работи?

Распоредот во следните четири кола е спорен. Според предвиденото, Барселона прва ќе игра, а следниот ден на мегдан ќе излезе и Реал Мадрид. Каталонскиот весник „Спорт“ се жали на тоа дека Реал има еден ден плус за подготовки за првиот меч по паузата поради корона-вирусот. Кралевите ќе имаат и ден плус одмор пред вториот меч, односно дека Барселона по мечот со Мајорка, ќе игра за 72 часа против Леганес, додека Реал ќе има пауза плус еден ден меѓу средбите против Еибар и Валенсија.

Е за тоа што се жали Барселона, е спорно и за Реал Мадрид. Според мадридските медиуми, Барселона е во предност затоа што прва ќе игра и со евентуална победа, ќе избега пет бода пред Реал Мадрид, што ќе биде дополнителен притисок за Кралевите следниот ден да победат.

По 27 одиграни кола, Барселона е лидер со 58 бода, додека Реал Мадрид досега освои 56 бода.

Погледнете го распоредот на Реал Мадрид и Барселона за следните четири кола поради кои започна и најбаналната расправија.

13 јуни – Барселона – Мајорка (22 ч.)

14 јуни – Реал Мадрид – Еибар (19 ч.)

 

16 јуни – Барселона – Леганес (22 ч.)

18 јуни – Реал Мадрид – Валенсија (22 ч.)

 

19 јуни – Севилја – Барселона (22 ч.)

21 јуни – Сосиедад – Реал Мадрид (22 ч.)

 

23 јуни – Барселона – Атлетик Билбао (22 ч.)

24 јуни – Реал Мадрид – Мајорка (22 ч.)

 

- Оглас -

Најнови вести