Циркуз во Црна Гора: Губеа со 19:0, па фудбалерите легнаа на теренот и го прекинаа мечот

Репрезентацијата на Црна Гора има пет пораз по ред и тоа е негативен рекорд во нивната историја. Освен на репреентативно ниво, не „цветаат рози“ ни на клупско ниво, посебно во пониските лиги.

Во третата црногорска лига екипата на ФК Његош од Спуж од коло во коло поставува негативни рекорди. Новоформираниот клуб од Спуж неславно го започна натпреварувањето во третата лига, а едноставно немаат ни фудбалери за да може да одиграат еден натпревар.

Во првото коло против Забјел мечот го почнаа со 11 играчи и по само 38 минути игра губеа со 10:0, а четворица играчи се откажаа и натпреварот мораше да биде прекинат. Следуваше пораз од Олимпик од 6:2 и пораз од Црвена стијне со 15:0, а во последното одиграно коло доживеаа рекорден пораз од 19:0 од Зета.

Натпреварот го започнаа само со десет играчи, а како и во првото коло, играчите на Његош не издржаа цели 90 минути. Овојпат сите играчи на тимот на Спуж легнаа на теренот во 70 минута, а првиот шампион на Црна Гора, Зета немаше против кого да игра и судијата го прекина натпреварот.

На четирите натпревари што Његош ги одигра прими дури 50 гола, а постигна само два. Гневните фанови на црногорскиот фудбал сметаат дека овој клуб е основан само со цел на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, да има уште еден сигурен глас за нов мандат на изборите.

- Оглас -

Најнови вести