Циципас беше одличен, сепак не успеа да повтори уникатен подвиг од пред 10 години (Видео)

Стефанос Циципас беше на прагот на чудо и победа против Новак Ѓоковиќ во ситуација кога губеше со 0:2 во сетови, но не успеа да го репризира уникатниот подвиг на Јирген Мелцер од пред 10 години.

Грчкиот тенисер успеа да израмни на 2:2, но не и да победи против Новак, кој го доби решавачкиот сет убедливо со 6:1 и ќе игра во финалето на Ролан Гарос против Рафаел Надал.

Популарниот Џокер не му дозволи на Циципас да биде во улогата на Јирген Мелцер, како единствен тенисер што го победил Ѓоковиќ и со негатива од 0:2 во сетови.

Во јуни 2010 година во четвртфиналето на Ролан Гарос, Новак водеше со 2:0 во сетови и имаше предност од 2:0 во третиот сет, но се разигра Мелцер и победи со 3:2, или по сетови со 3:6, 2:6, 6:2, 7:6, 6:4.

Тоа е единствениот пораз во 216 меча на Србинот кога имал предност од 2:0 на четирите најценети тениски турнири на светот.

Сите останати 215 дуели, вклучувајќи го и овој вечерва во полуфиналето на Ролан Гарос Новак успеал да ги добие, а Циципас немаше сили за реприза на подвигот на Мелцер.

 

- Оглас -

Најнови вести