Циципас го преживеа „ураганот“ Синер и сега има отворен пат до финалето во Мелбурн

Циципас и Синер одиграа маратонски меч во Мелбурн, по четиричасовна борба и пет сета Гркот оди понатаму

Третиот носител, Стефанос Циципас, ообезбеди пласман во осминафиналето на првиот годинешен гренд слем турнир, Отвореното првенство на Австралија, во маратонски меч го победи Јаник Синер.

Гркот по четири часа и две минути игра славеше над Италијанецот во пет сета и тоа со 6:4,6:4,3:6,4:6,6:3.

Циципас водеше со 2:0 во сетовите, а потоа му дозволи на Синер да дојде до израмнување, а во петтиот сет повторно го крена нивото на играта и стигна до голем триумф.
Првите два сета најавуваа убедлив триумф на Циципас, во кои направи еден брејк повеќе од противникот за водство од 2:0 во сетови.

Но, работите се сменија во третиот сет, Ципас одеднаш попушти, а Синер го искористи тоа. Италијанецот стигна до брејк во четвртиот гем, поведе со 3:1 и ја одржуваше предноста до крајот на сетот намалувајќи на 2:1.

Истото сценарио беше и во четвртиот сет, еден брејк ја направи разликата во корист на Синер кој го однесе мечот во петтиот решавачки сет.

Во него, Циципас успеа да се врати во игра, одигра одлично кога беше најважно. Бо шестиот гем го одзеде сервисот на Синер и тоа му беше доволно за победа и пласман во четвртфиналето.

Следен противник на Циципас ќе му биде Чехот Јиржи Лехечка, додека втората четвртфинална двојка во горниот дел од ждрепката ја сочинуваат Американецот Себастијан Корда и Русинот Карен Хачанов.

- Оглас -

Најнови вести