Циципас и Руд пред една недела играа финале во Монте Карло, сега еден против друг за титула и во Барселона

Стефанос Циципас и Каспер Руд ќе играат во финалето на Мастерсот во Барселона кој се игра на земјена подлога, со што ја потврдија добрата форма, откако и пред една недела во Монте Карло, истотака Гркот и Норвежанецот се сретнаа во финалето.

Во денешните полуфиналиња во Барселона, Руд беше подобар од Ечевери со 7-6, 6-4, додека Циципас го совлада Лајовиќ со 5-7, 6-4, 6-2.

Во финалето во Монте Карло, убедливо победи Гркот, па сега Руд ќе има прилика да му се реваншира.

- Оглас -

Најнови вести