Во Супер тип понудата на Sport Life за денеска доминира фудбалот со 13 натпревари со специјални квоти, но има и два тениски меча и еден од бејзбол лигата во САД.
Особено интересен е тенисот, со парот Стефанос Циципас – Борна Чориќ. Тоа е финале на Мастерсот во Синсинати, двајцата се во добра форма, Гркот утрово го победи првиот носител Данил Медведев, а Хрватот во првото коло го елиминираше Рафаел Надал. Во Супер типот, има зголемени квоти и за победа на Циципас и за победа на Чориќ.
Од фудбалската супер тип понуда, има голем избор од различни лиги и повеќе варијанти за игра, по пет за секој меч, не само на конечен тип.
Почетокот на понудата е со дуелот меѓу Гронинген и Го Ахед Иглс од Холандија, кој почнува во 12.15 часот, двата тениси се играат вечерва после 22.30 часот, а бејзбол пресметката на Тигрите од Детроит и Ангелите од Лос Анџелес е од 19.40.