Циципас изненадувачки елиминиран на стартот на турнирот во Токио

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е елиминиран во првото коло на АТП-турнирот во Токио откако загуби од Американецот Алекс Микелсен.

Микелсен, 49-тиот тенисер на светот, го победи Циципас (4:6, 6:1, 6:2) за помалку од два часа игра. Циципас се наоѓа на 12-тото место на АТП-листата.

Американецот ќе игра во второто коло против победникот од мечот меѓу Аргентинецот Томас Мартин Ечевери и Австралиецот Кристофер О’Конел, а до главниот ждреб стигна преку квалификациите.

Пласман во второто коло обезбеди и Британецот Џек Дрејпер, кој го победи Италијанецот Матија Белучи со 6:4, 6:2. Британецот во второто коло ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач.

Јапонецот Јошихито Нишиока во првото коло го победи Феликс Оже-Алијасим од Канада со 7:6, 3:6, 7:6, додека Американецот Том Пол го совлада Италијанецот Матео Арналди со 6:3, 6:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести