Циципас конечно дочека да се израдува против Медведев (видео)

Стефанос Циципас го изненади фаворизираниот Данил Медведев со 2-0 во сетови (7-6, 6-4) во првата пресметка од групата „Андре Агаси“ во рамките од финалниот АТП-турнир. Грчкиот тенисер конечно дочека да се израдува во меч против Медведев откако претходно ги загуби сите пет средби. Многу позначајна е оваа победа бидејќи Циципас си ги зголеми шансите за пласман во топ-4 на турнирот во Лондон.

Двајцата тенисери не покажаа знаци на слабост ниту по 12 гејма, па Циципас успеа да поведе со 1-0 преку тајбрејк (7-5). Сепак, средбата беше далеку од завршена. Медведев убеден дека може да изнуди решавачки трет сет, ги одржуваше своите шанси сè до клучниот деветти гејм, во кој Русинот згреши на свој сервис и му го отвори патот до победата на противникот. Циципас со атрактивно забивање ја искористи првата меч-топка за остварување на важната победа.

 

- Оглас -

Најнови вести