26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Циципас од тенисерите, Парма од фудбалот и Тапара од хокејот се „кецови“ кои треба да излезат без проблем

Тенисот, хокејот и фудбалот се спортовите кои може да ги најдете во денешниот Супер тип на Sport Life, а интересно е дека „кецовите“ доминираат дури кај 15 од понудените 16 пара.

Во понудата за хокеј и тенис, коефициентите за победа на фаворитите се движат од 1.45 до 1.70, што значи дека може да се најде одлична добитна комбинација.

Вкупно има 10 фудбалски меча, а дури на девет се зголемени коефициентите за победа на домаќините. Честа на гостите ја спасува само Ленс, кој гостува кај Ле Авр и зголемениот коефицинет за „двојка“ е 1.95.

Освен на фиксови, во фудбалската понуда секогаш има дополнителни зголемени коефициенти на игрите на голови. Овојпат тука се понудите за 3+, ГГ3+, како и комбинацијата за 3+ голови и победа на екипата која ја има фаворитската улога.

- Оглас -

Најнови вести