Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се најде во центарот на вниманието откако во Синсинати изјави дека нема да се вакцинира додека тоа не стане задолжително. Циципас е промотер на рекламите на грчката влада за вакцинирање против ковид-19 и зема пари за тоа, па затоа оваа изјава зачуди многумина и предизвика негативни коментари.
„Во еден момент ќе мора да се вакцинирам, но засега, додека не е задолжително за да може да играм, не сум го направил тоа“, изјави финалистот на Ролан Гарос, кој е слободен во првото коло на Мастерсот во Синсинати.
Пред неколку месеци Новак Ѓоковиќ одби да каже дали ќе се вакцинира. За разлика од балканците, Роџер Федерер откри дека во мај се вакцинирал, а Рафаел Надал изјави дека овој кошмар со корона-вирусот може да заврши само со вакцинација.