Грчкиот тенисер, поранешниот трети светски рекет, Стефанос Циципас, направи споредба на актуелните лидери на светскиот тенис, Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Шинер, со легендите на овој спорт Србинот Новак Ѓоковиќ, Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Циципас играл против сите и меродавен е да направи споредби.
„Не мислам дека Синер и Алкараз се подобри од Федерер, Надал и Ѓоковиќ, сè додека не освојат толку турнири колку нив, а тоа ќе потрае долго време. Но, можеме да кажеме дека нивото на Јаник и Карлос е многу високо. Ќе имаме нови шампиони, нови ѕвезди. Тоа е дел од циклусот на играта, тоа е шема. Ви велам, во следните пет години ќе видиме повеќе суперѕвезди, повеќе играчи со различен стил од оние што играат сега. Исто така, можеме да кажеме дека Роџер, Рафа и Новак ја подигнаа летвата и бројот на титули што ги освоија ќе биде тешко да се надмине“, изјави Циципас.