За грчкиот тенисер Стефанос Циципаs најголем тенисер во историјата е Роџер Федерер, а не Новак Ѓоковиќ, кој е потрофеен од Швајцарецот на главните турнири и има поминато многу повеќе недели на првото место на АТП-листата.
„Мојот избор за најголем во историјата е Роџер Федерер. Тој нема најмногу титули на гренслемите, но тоа за мене воопшто не е важно. За мене е поважен ефектот кој го имаше врз светот на тенисот и воопшто спортот. Неговиот ефект би можелo да го споредам со тој на Мајкл Џордан. Кај тенисерките би ја избрал Серена Вилијамс. Харизматична е, сè што направи беше неверојатно“, објасни Циципас, кој во моментов е 25-ти на АТП-листата.
Фановите на Ѓоковиќ сметаат дека оваа изјава на Гркот е затоа што многупати губеше од Србинот (билансот е 2-12), а против него го имаше и најболниот пораз во кариерата во финалето на „Ролан Гарос“, кога Циципас водеше 2-0 во сетови, но загуби.