Циципас заборави дека победи, па му се извинуваше на Пер (Видео)

Стефанос Циципас успеа да го скроти разиграниот француски тенисер Беноа Пер, славеше со 3:1 во сетови и ќе игра во осминафиналето на Австралија опен против Тејлор Фриц.

Во финишот на мечот грчкиот тенисер заборави дека му треба само уште еден поен за победа, успеа да го освои, но и тргна да го земе топчето да сервира, незнаејќи дека веќе мечот е завршен.

По реакцијата на публиката која му аплаудираше Циципас сфати дека мечот е готов и дека го победи Пер, па тргна на мрежа за да му се извини на францускиот тенисер, кој го чекаше за да се поздрават.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1484795473265414144?s=20

Фриц, кој ќе му биде следен ривал на Циципас успеа во маратонски меч да го победи Роберто Баутиста-Агут и за првпат на гренслем ја дочека втората недела од турнирот.

Победи славеа и Медведев, Креси, Оже-Алијасим, Синер и Де Минаур, а во тек е дербито меѓу Рублев и Чилиќ.

На јуниорскиот дел од турнирот во машка конкуренција ноќеска Калин Ивановски загуби од рускиот талент Јарослав Демин со 6:7(3), 5:7 во првото коло на гренслемот.

Во женска конкуренција почетокот на втората и завршна седмица на Австралија опен го очекуваат Корне, Колинс, Халеп, Мертенс, Канепи, Сабаленка и Швјонтек кои победија ноќеска и утрово по средноевропско време за пласман во осминафиналето.

Подоцна ќе почне и последниот дуел меѓу Кирстеа и Пављученкова.

 

- Оглас -

Најнови вести