Црн ден на Вимблдон за фаворитките, елиминирани се првата и четвртата носителка

Маркета Вондроушова – Елина Свитолина е првата полуфинална двојка во женска конкуренција на тенискиот гренслем-турнир Вимблдон.

Чехинката и Украинката приредија изненадувања затоа што ги елиминираа четвртата, односно првата носителка.

Вондроушова беше подобра од Џесика Пегула со 6-4, 2-6, 6-4 и првпат во кариерата стигна до полуфинале на Вимблдон.

Свитолина ја елиминира првата носителка Ига Швјонтек од Полска со 7-5, 6-7, 6-2 во меч на Централниот терен.

https://twitter.com/i/status/1678789786402693123

- Оглас -

Најнови вести