Црн ден за спортот, и трет спортист го загуби животот

Денешниот ден е еден од најцрните во историјата на спортот бидејќи починаа дури тројца спортисти.

По трагичната смрт на одбојкарката Јулија Итума во Истанбул, на рели возачот Крег Бирн, сега животот го загуби 15-годишен фудбалер на хрватскиот Самобор.

На несреќното момче за време на натпреварот против Дуго Село, поради проблеми со срцето му се слошило и откако го известил судијата дека не се чувствува добро, се упатил кон клупата каде се колабирал.

Лекарите успеале да го реанимираат и го однеле во болница во тешка состојба, каде за жал починал.

- Оглас -

Најнови вести