Црн кошаркар на Орландо шокираше на НБА меч, одби да клекне за време на химната (Видео)

Кошаркарот на Орландо меџик, Џонатан Ајзак, вечерва е главна ѕвезда во американските, па и светските спортски медиуми, откако за време на изведбата на химната на САД, одби да клекне во знак на протест против расизмот. Ајзак е првиот играч во НБА лигата кој стоеше за време на химната и не клечеше како сите други колеги од сите тимови кои играат во завршницата од сезоната во комплексот „Светот на Дизни“.

Ајзак за својата одлука ги информирал во својот клуб, и тие му дале поддршка. За време на химната, 22-годишниот Ајзак само стоеше со рацете зад грб и имаше дрес, а на како сите други кои носеа маички на кои го пишуваше познатиот слоган „И животите на црните се вредни“.

Ајзак е роден во Бронкс во Њујорк, има пет браќа, и семејството му е многу религиозно, а тој самиот често учествува во хуманитарни акции. Се чека да даде изјава и да го објасни својот потег кој предизвика многу коментари. Од НБА лигата најавија дека нема да има санкции за играчите кои ќе клечат за време на химната, иако тоа се казнува според правило кое важи во лигата од 1980 година.

Инаку, Орландо го победи Бруклин нетс со 128-118.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести