Лош викенд е зад Реал Мадрид, а со поразот од 2:1 против Вилјареал стасаа лоши вести и со повреди на двајца важни играчи од првата постава на Кралевите.
Жолтата подморница со триумф на свој терен ги симна Кралевите од врвот на табелата во Ла Лига, па сега Барселона им бега за три бода.
Притоа Реал ќе остане извесен период и без Давид Алаба и Аурелиен Чуамени, кои се повредија на дуелот против Вилјареал.
Алаба ќе паузира околу три седмици, додека за Чуамени се чека точна дијагноза и колку време ќе биде отсутен од фудбалските терени.
Сепак се очекува и двајцата да бидат фит за стартот на осминафиналиот двомеч против Ливерпул во Лигата на шампионите, што ќе почне на 21. февруари на „Енфилд роуд“ во Ливерпул.
Во меѓувреме Реал ќе игра против Валенсија во шпанскиот Супер куп на 11. јануари во Ријад, а Алаба и Чуамени нема да патуваат за Саудиска Арабија.