Премиерот на Црна Гора, Дрита Абазовиќ, најави амбициозен проект за изградба на нов национален стадион во Улцињ. Според видеото кое е објавено, се работи за голем спортски комплекс со стадион кој ќе ги исполнува највисоките стандарди на УЕФА и на него ќе може да се играат натпревари дури и од групите на Лигата на шампионите.
Абазовиќ во објавата на социјалните мрежи не открива кога ќе започне изградбата, ниту колку ќе чини, а не е познат ниту капацитетот на стадионот. Тој им се заблагодари на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора и на Општина Улцињ за соработката во проектот.