Црна Гора одигра без голови против Азербејџан, на неутрален терен во Запрешиќ и на тој начин не го исполни својот дел од зацртаниот план.Азербејџан беше домаќин на дуелот, но поради војната која се води во оваа земја, средбата се играше на терен кој за Црногорците многу повеќе одговараше за домашен.
На крајот, Црна Гора дури може да биде задоволна што освои бод, затоа што цело второ полувреме играа со фудбалер помалку. Азербејџан имаше поголем посед на топка, повеќе напаѓаше, но не даде гол.
Во корист на Црна Гора беше резултатот од вториот меч во оваа група од Ц сегментот на Лигата на нации. Кипар со 2:1 славеше против Луксембург и тоа во меч на кј гостите први дадоа гол. Кипар успеа да направи пресврт откако во 33 минута гостинскиот стопер Селимовиќ доби црвен картон, а беше досуден пенал за домаќините. Кастанос погоди за 1:1, а во второто полувреме Кипар со вториот погодок на Кастанос стигна и до предност од 2:1, што се покажа како конечен резултат.
Луксембург со овој пораз остана на 9 бодови, еден помалку од лидерот Црна Гора, додека Азербејџан има 5 бода. Последен на табелата е Кипар со 4 бодови. Во последното коло, Црна Гора на свој терен игра со фенерџијата Кипар и со победа, домаќините сигурно ќе обезбедат место во Б сегментот од Лигата на нации за следните квалификации од Лигата на нации.