Фудбалската репрезентација на Црна Гора ги проживува најцрните моменти во својата историја, после поразот синоќа од Велс од 0-1, имаат низа од шест порази по ред.
Селекторот Роберт Просинечки заклучи дека ова било една од најлошите игри на тимот откако тој е на клупата.
„Многу лошо. Ова беше еден од нашите најлоши настапи откако јас сум селектор. Фудбалот се игра за резултат, а ние го немаме. Не е лесно, но ова е нашата реалност во моментов. Верувам дека ќе биде подобро на последните два меча. Ќе пробаме да го добиеме Исланд, па и Турција која е најдобра во групата. Се надевам дека сите играчи ќе бидат здрави“, изјави Хрватот кој е во улога на црногорски селектор.